Хавиер Маскерано потврди дека ќе се повлече од аргентинската репрезентација по Светското првенство во Русија следното лето. 33-годишниот ветеран помогна Аргентина да го обезбеди местото во Русија по 3:1 победата над Еквадор.
Пред да ја заврши интернационалната кариера, Маскерано сака да помогне неговиот тим да стигне до светската титула.
„За многу луѓе приказната ќе беше завршена, но благодарние на Бога, тоа не се случи. Ако одам во Русија, тоа ќе биде крајот. Тоа е сигурно. Лионел Меси е сопственик на овој спорт и кога сте шеф, тогаш вакви работи се случуваат. Сакам да му помогнам во Русија. Уживавме во неговата игра и сега мораме да му помогнеме. Сонот е тука. Светско првенство е Светско првенство“, вели Маскерано.