Светското првенство кое наредната година ќе се одржува во Русија ќе го пропуштат неколку големи ѕвезди на светскиот фудбал. Медиумите се занимаваат на имињата на играчите кои со своите репрезентации не изборија пласман на Мундијалот, а тим составен од тие ѕвезди изгледа застрашувачки и, веројатно, би се борел за највисок пласман.
Според обложувалниците, во овој момент први фаворити за светската титула се Германија, Бразил и Франција за кои коефициентот е 5, односно за вложен еден денар се добиваат пет доколку некоја од трите селекции стане светски првак.
Веројатно и тимот составен од фудбалери кои нема да настапат во Русија би котирал високо на листата на обложувалниците.
Голман: Јан Облак (Словенија/Атлетико Мадрид)
Одбрана: Антонио Валенсија (Еквадор/Манчестер Јунајтед), Вирџил ван Дајк (Холандија/Саутемптон), Гери Медел (Чиле/Бешикташ), Давид Алаба (Австрија/Баерн)
Среден ред: Герет Бејл (Велс/Реал Мадрид), Артуро Видал (Чиле/Баерн), Миралем Пјаниќ (Јувентус, БиХ). Алексис Санчез (Чиле/Арсенал)
Напад: Пјер-Емерик Обамејанг (Габон/Борусија), Един Џеко (БиХ/Рома)