Спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота, на италијанските новинари им открил зошто клубот ги продал Пол Погба и Леонардо Бонучи.
Марота истакнал дека Јувентус не може да си дозволи секоја година да издвои 100 милиони евра за некој фудбалер.
„Постоеше можност да го донесеме Гонзало Игуаин од Наполи и тоа го направивме. Пред да го продадеме Пол Погба во Манчестер јунајтед постигнавме договор со него, што значи од целта таа работа ние излеговме со профит“, рекол Марота.
На прашањето зошто Леонардо Бонучи го напуштил Јувентус, кусо одговорил.
„Масимилијано Алегри не е виновен за заминувањето на Бонучи во Милан“, заклучил Марота.