Претседателот на Рома, Џејмс Палота, застана во одбрана на својот фудбалер Александар Коларов, кој не е во најдобри односи со навивачите на клубот од Рим.
Неколку недели Коларов е нај омразениот играч меѓу ултрасите на „волчицата“. Најпрвин го нарекоа „п…н Хрват“, а во вторникот на дуелот со Порто во Лигата на шампионите истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Коларов е копиле“.
https://twitter.com/AmerZa_1989/status/1095425474812092417
„Коларов е врвен професионалец. Секој ден прв доаѓа и меѓу последните заминува од тренинг центарот. Тој е само „тврд“ фудбалер. Не е на социјалните мрежи, не пие, тој само игра и тренира напорно“, изјавил Палота.
Претседателот на Рома не сакал да навлегува во историјата на недоразбирањата помеѓу фудбалерот и навивачите.
„Некогаш ќе направи грешка, сите ние грешиме. Се надевам дека навивачите ќе разберат дека сакате да имате 22. во тимот каков што е Коларов. Тој никогаш не се жали и кога е повреден доаѓа на тренинзите и сака да игра“.
Александар Коларов во Рома е од 2017 година, претходно играше за Манчестер сити и градскиот ривал на „волчицата“ Лацио.