Младиот бек на Јувентус, Даниеле Ругани е еден од фудбалерите кои се пофалија со фотографии со своите љубени за Денот на вљубените, односно Свети Валентин.
24-годишниот Ругани беше највпечатлив бидејќи неговата свршеница Микела Персико објави фото во кои двајцата се во џакузи и се „заблажуваат“.
Како што може да се забележи на нејзиниот Инстаграм профил, Микела постојано го следи својот свршеник додека тој игра за најтрофејниот италијански клуб. Персико мора да го следи фудбалот, бидејќи е водителка на ТВ емисијата „Меч на денот“ на РАИ.