Скудерија Ферари последни го открија својот адут за новата сезона. Претходно болидите за 2019 година во јавноста ги покажаа: Хас Ф1, Вилијамс, Рејсинг Пинт, Алфа Роме, Торо Росо, Рено, Мекларен, Ред Бул и Мерцедес.
Во годината во Маранело ќе прослават 90 години од постоењето, Ферари се надеваат дека со овој болид ќе успеат да ја освојат првата шампионската титула во конкуренција на возачи по 2007 година.
Боите на Ферари сезонава ќе ги бранат Себастијан Фетел и наследникот на Кими раиконен, Шарл Леклер.
„Нашиот нов болид е плод на долгогодишниот напредок, не се работи за револуционерен потфат. Не очекува тежка работа во новата сезона, но ние со нетрпение и возбуда чекаме да почне. Што се однесува до мојата работа можам да ветам дека секогаш ќе го давам максимумот“, рекол новиот шеф на тимот, 49-годишниот Матија Биното.
Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Австралија на 17 март.
The wait is over! Here is the #SF90#essereFerrari pic.twitter.com/xMUjIQ5MC5
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 15, 2019