Top Sport

Најлошиот актер во англиската втора лига – Маркус Медисон

Крилото на англискиот второлигаш Питерборо, Маркус Медисон имаше неверојатна недела во дуелот со Вимблдон. Но, никој на Интернет не зборува за неговиот гол и асистенција за 2.2 ремито, туку за неговите лоши актерски способности.

24-годишниот Медисон прво асистираше на еден гол, пред да го даде вториот, по што во 85. минута влезе во необичен дуел со играчот од средниот ред на Вимблдон, Лајам Тротер, ужасно симулирајќи удар со главата.

Тренерот на Вимблдон, Нил Ардли беше бесен.

„Мислам дека и самиот ќе биде засрамен кога ќе ги погледне снимките. Не ми е јасно како можеш да се обидуваш твојот ривал да добие црвен картон“, вели Ардли.

На менаџерот на Питерборо, Грент Меккен не му пречеше лошата глума на фудбалерот за кого се заинтересирани неколку премиерлигаши.

„Да бидам искрен не го видов инцидентот. Маркус вечерва беше врвна класа – асистенција и гол. Имаме среќа што е во нашиот тим“, вели Меккен.

Scroll to Top