Top Sport

Селтик и Манчестер јунајтед со поддршка за Лајам Милер

Тимовите на Селтик и на Манчестер јунајтед изразија поддршка за нивниот поранешен играч од средниот ред, Лајам Милер, по вестите дека 36-годишниот поранешен фудбалер е на хемотерапија поради рак на панкреасот.

36-годишниот Милер имаше 21 настапи за ирската репрезентација од 2004 до 2009 година, и ја започна својата кариера во Селтик пред да се пресели на „Олд Трафорд“. Во својата кариера тој играше за Лидс, Сандерленд, КПР и Хибернијан, пред да се пресели во Австралија.

„Мислите и молитвите на сите во Селтик се со Лајам Милер и неговото семејство“, напишаа Селтик на Твитер.

„Поддршка за нашиот поранешен играч Лајам Милер и неговите најблиски во ова тешко време“, објавија од Манчестер јунајтед.

 

Scroll to Top