Мечот од полската лига помеѓу Легија Варшава и Краковија Краков покажа една лоша варијанта на користењето на системот за помош на судиите, популарниот ВАР.
Краковија победи на гости со 2:0, но главната тема е исклучувањето на домашниот фудбалер, Вилијам Реми, кој во 75. минута доби втор жолт картон по еден суров старт. Но, откако тој отиде во соблекувалната, судијата реши да ја прегледа снимката преку ВАР и тој го повика назад фудбалерот.
Кога сите мислеа дека ќе му го поништи црвениот картон и тој ќе се врати во игра, судијата му објасни дека не му дава втор жолт, туку директен црвен картон!
There’s a hand signal for rescinding a yellow card now. Thank you VAR, we are living in blessed times.pic.twitter.com/nGZYctP4WJ
— MUNDIAL (@MundialMag) February 18, 2019