Top Sport

Теодосиќ до крајот на сезоната ќе игра само за Србија

Милош Теодосиќ вели дека иако е слободен агент по отпуштањето од Лос Анџелес клиперс, до крајот на кошкарската сезона нема да игра за друг клуб и ќе настапува само за српската репрезентација.

Србија игра со Естонија и Израел во квалификациите за Светското првенство, и Теодосиќ вели дека е достапен на селекторот.

„Сега ќе ги одиграм овие два натпревари за репрезентацијата и тоа би било сè за оваа сезона. Решив да не играм за клуб, да се одморам. Низ репрезентацијата ќе останам подготвен за следната сезона. Да работам на себе и да бидам подготвен за репрезентацијата, а потоа и за клуб“, изјави Теодосиќ.

Откако во Европа стана кошаркарска легенда, играјќи најмногу за ЦСКА Москва, тој се пресели во НБА, но авантурата во Клиперси не помина како што очекуваше. Анадолу Ефес и Макаби Тел Авив веќе пратија понуда за Теодосиќ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top