Пред вториот меч од баражот за пласман на Светското првенство меѓу Австралија и Хондурас, откако првиот меч заврши 0:0, тензиите во Сиднеј се на високо ниво.
Хондурас се обидува да се квалификува по четврти пат на Светските првенства, додека Австралија го брка петтиот пласман и се очекува борбен меч со многу искри. Од репрезентацијата на Хондурас ги обвинија Австралијците дека ги шпиунираат нивните тренинзи во Сиднеј со помош на дрон, објавувајќи видео-снимка на официјалниот Твитер профил.
Според нив, ова е втор ваков инцидент, по што тимот се налутил на новинарите од Австралија и им забранил пристап на тренинзите и покрај правилата на ФИФА кои велат дека тренингот мора да биде „отворен“ 15 минути.
AUSTRALIA espía entrenamiento oficial de #Honduras desde un dron; lo que ocasionó el malestar del equipo y delegación hondureña. pic.twitter.com/anCAgHtsMP
— FENAFUTH (@FenafuthOrg) November 13, 2017