Ајнтрахт Франкфурт е едно од најпријатните изненадувања во германската Бундеслига оваа сезона, откако клубот постигна 60 гола во 31 меч благодарени на своите двајца напаѓачи Лука Јовиќ и Себастиен Халер.
Српскиот репрезентативец Јовиќ, кој е поврзуван со трансфер во Барселона следново лето има 20 гола и пет асистенции, а Французинот Халер на другата страна има 16 гола и 11 асистенции. Статистиката покажува дека комбинираните податоци на Јовиќ и Халер велат дека тие биле вклучени во 52 од 60 голови за Франкфурт.
Во четвртокот, бундеслигашот влезе во осминафиналето на Лига Европа, откако со 4:1 го декласираа Шахтјор Доњецк. Јовиќ постигна еден гол ,а Халер додаде два.