Top Sport

Солскјер за четирите повреди во едно полувреме: Сè тргна наопаку, но имаме млади деца!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солксјер признава дека „сè што можеше да тргне наопаку, тргна“ откако Џеси Лингард, Хуан Мата, Андер Ерера и Маркус Рашфорд заработија повреди во дербито без голови против Ливерпул.

Рашфорд беше прв кој доби удар во првите секунди од мечот од колегата од репрезентацијата, Џордан Хендерсон, но остана на теренот и покрај болката, откако неговите колеги „паѓаа“ околу него.

„Тоа беше прв старт, Хендерсон помина низ неговиот глужд како балон! Но, тоа беше само еден од повеќето фаули над него. Тој е воин и знае што значи да се биде на теренот. Го оставив на теренот бидејќи веќе направив три замени. Среќа имаме некои добри нови деца“, вели Солскјер.

По Рашфорд, Ерера падна во 21 минута, а веднаш потоа му се приклучи шпанскиот сонародник Мата. Лингард беше замената на негово место, но 20 минути подоцна и тој мораше надвор од теренот со повреда.

„Сè што можеше да тргне наопаку, тргна. Кога ќе добиеш толку повреди за малку време. Моравме да замениме тројца, а Рашфорд мораше да остане. Но, успеавме да ги заддржиме, не се сеќавам на многу шанси на Ливерпул. Иако имаа посед на топката, Давид де Хеа не мораше да одбрани ништо. Имаме млади фудбалери. Скот Мектоминеј беше одличен, Андреас Переира исто така. Ќе бидеме океј“, вели Солксјер.

Јунајтед не успеа да го „скрши“ Ливерпул на „Олд Трафорд“ (видео)

Scroll to Top