Top Sport

Баерн и Валенсија го следат Душан Тадиќ

Ајакс, минатото лето направи добра инвестиција, кога го собори клупскиот рекорд и за српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, на Саутемптон му плати 15 милиони евра. Тадиќ е „ударна игра“ на славниот клуб, на 38 натпревари во сите конкуренции забележал 25 гола и 13 асистенции.

Добрите парти во првата фаза во Лигата на шампионите и она што го одигра пртив Реал, во првиот осмина-финален натпревар, го привлекло вниманието на Баерн Минхен и Валнесија.

Бавараците особено биле импресионирани од тоа како Тадиќ одиграл на позицијата „лажна деветка“, на двата натпревари против нив во Лигата на шампионите. Од друга страна во Валенсија бараат што ќе може да го раздвижи тимот и да помогне да се прекине хроничната неефикасност.

Тадиќ во кариерата настапувал за Војводина, Гронинген и Твенте, репрезентативец на Србија е од 2008 година

Scroll to Top