Челниците на Баррн Минхен подготвиле 120 милиони евра за трансферот н Марко Асенсио од Реал Мадрид, објави „Дон Балон“. Шонакиот репрезентативец бил означен како замена за Франк Рибери и Аријан Робен кои по една деценија ќе заминат од Минхен.
Марко Асенсио кај Зинедин Зидан беше важен играч во ротацијата, но со доаѓањето на Хулен Лопетеги и подоцна на Сантијаго Солари неговата минутажа значително се намали. За статусот што го има кај Солари придонесе и повредата поради која отсуствуваше повеќе од еден месец.
Истиот извор, кој неретко трага и по сензација, тврди дека Асенсио бил подготвен за трансфер, доколку неговиот статус во Реал не се смени до крајот на сезоната или не биде сменет тренерот Солари.
Асенсио (23), од почетокот на сезоната одиграл 31 натпревар за Реал во сите натпреварувања.