Светскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа го предупреди својот американски предизвикувач Џерел „Биг бејби“ Милер дека ќе му ја „земе душата“ и ќе му го преуреди лицето во мечот во „Медисон сквер гарден“ на 1 јуни.
Откако на првата прес-конференција пред американското деби за ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО шампионот Џошуа, Милер го турна Британецот, за овојпат „Еј Џеј“ да се закани со „операција на лицето“, откако Американецот изјави дека шампионот „нема брада“ и носот му е во височини.
„На 2 јуни Џерел ќе биде неважен. Не знам фудбал, рагби, НФЛ, кошарка или кик-бокс. Но, знам како да ги нокаутирам и да ги тепам луѓето“, изјави 29-годишниот Џошуа (22-0, 21 КО) посочувајќи на почетоците на Милер како кик-боксер.
Овојпат немаше пресметка меѓу двајцата боксери, но затоа беа присутни вистински закани.
„Тој дух што го има тоа момче, ќе му го земам. Ќе му ја земам душата во рингот. Ќе му ја преуредам фацата и телото на 1 јуни. Јас ќе бидам негов хирург“, изјави Џошуа.
Милер, кој исто така е непоразен (23-1-0), пак, најави дека ќе го нокаутира Џошуа во седум рунди и посочи дека откако е пристигнат во Лондон слуша само за Тајсон Фјури, поранешниот шампион во тешка категорија, а не за Џошуа.
„Џошуа не е најмоќниот, тоа е сигурно. Доаѓам тука и слушам само Тајсон Фјури, Тајсон Фјури. Тој не е подготвен за мене“, вели Милер.
? Anthony Joshua declares that he will be Jarrell Miller’s “surgeon” on June 1st and intends to “reconstruct his face.” pic.twitter.com/SK04hOTaNT
— Michael Benson (@MichaelBensonn) February 25, 2019