Тренерот на Пари Сен-Жермен не сакаше да приклучи на „хорот“ и да го прогласи Килијан Мбапе како најталентиран фудбалер со кого работел, и наместо тоа пофали дел од фудбалерите со кои работел во минатото како Пјер-Емерик Обамејанг и Усман Дембеле.
Повредите направија хаос кај францускиот шампион откако Нејмар и Единсон Кавани беа приморани на пауза, така што цел товар падна на 20-годишниот Мбапе, кој стана вистинска ѕведза по минатогодишното освојување на светската титула со Франција.
Но, Тухел вели дека не сака да влегува во дискусија кој е најталентираниот фудбалер со кој имал шанса да соработува.
„Тоа е опасно прашање! Работев со Обамејанг, Усман Дембеле. На пример, Оба секогаш ќе биде во моето срце. Килијан е исклучителен, но тука се и Нејмар и Кавани. Неверојатни фудбалери. Не сакам фрази како ’најдобар’ или ’подобар од’. Среќен сум со моите фудбалери. Сите во мојата соблекувална знаат колку сигурен и важен е Мбапе за нас, но јас не ги рангирам фудбалерите. Тој има работи кои може да ги подобри, иако тоа е тешко да се верува“, објасни Тухел