Top Sport

Икарди и Ванда Нара имале „план Б“

Мауро Икарди со сопругата Ванда Нара, која е и негов менаџер од едната и Интер од другата страна со месеци се обидуваат да ги усогласат ставовите околу новиот договор на фудбалерот, но како што одминува времето јасно е дека ниту една од страните не е подготвена на некаков компромис.

Ванда Нара има нереални барања, а со изјавите во медиумите, дополнително го руши угледот на клубот, поради што во Италија преовладува мислењето дека Интер со нетрпение го чекаат крајот на сезоната за да можат да го продадат Аргентинецот.

Ситуацијата особено се влоши пред две недели кога клубот реши да му ја одземе капитенската лента на Икарди. Потоа тој одби да патува со екипата во Виена на натпреварот против Рапид, а потоа пријавил дека е повреден.

Икарди дури и размислувал да замине на операција на коленото, а доколку тоа се случи тоа значи дека сезоната за него е завршена.

Ванда Нара, од Интер, за својот сопруг бара годишна плата од девет милиони евра, а според најновите Информации клубот нуди 6,5 милиони евра со одредени бонуси. Поради ова италијанските медиуми пишуваат дека Интер имаат „план Б“, односно решени биле да го продадат напаѓачот.

Интерес за квалитетен играч каков што е Икарди има, но прашање е кој ќе сака да преговара со неговата сопруга Ванда.

Реал повеќе не биле заинтересирани, иако во летниот преоден рок важеа како најсериозни кандидати за потписот на Аргентинецот. Во Мадрид сметале дека доаѓањето на Икарди ќе било лошо за имиџот на клубот.

Во игра сега биле два клуба, Јувентус и Наполи. Двата тима и во минатото покажуваа интерес за Аргентинецот, но прашање е дали сега кај нив постои интерес.

Италијаните пишуваат дека Интер, само за да се ослободат од Икарди, биле подготвени да ја намалат сумата и би го продале и за 80 милиони евра.

Scroll to Top