Џовани Галеоне, менторот на Масимилијано Алегри, открил каква ќе биде иднината на тренерот на Јувентус. Тој е уверен дека Алегри ќе се пресели во Премиер лигата.
„Алегри во Премиер лигата од наредната сезона? Тоа го говорам веќе неколку години. Не знам“, рекол 78-годишниот тренер.
Во една работа е сигурен, а тоа е дека Алегри кога ќе го напушти Јувентус, ќе ја напушти и Серија А.
„Знам дека во Италија не постои доволно интересен клуб за него и дека завршува неговата авантура во Јувнетус. Минатото лето имаше понуди од Челси, Арсенал, Јунајтед и Реал. Ги одби бидејќи сака да ја освои Лигата на шампионите со Јувентус. Нема да биде важно доколку не успее. Не мора да ја освоите Лигата на шампионите само поради тоа што го имате и Кристијано Роналдо“.
Алегри се наоѓа под жестоки критики по поразот на Јувентус од Атлетико во Мадрид (2:0), во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
„Јувентус мора да верува дека може да ја стигне таа предност. Алегри мора да верува и да им докаже на медиумите и стручњаците дека грешат кога толку жестоко го напаѓаат. Не можете да напаѓате човек што освоил десет трофеи“, рекол Галеоне.