Утре од 21 часот вечните шпански ривали, Реал и Барселона, ќе го одиграат полу-финалниот реванш во Купот на Кралот. Првиот натпревар во Барселона заврши без победник 1:1.
Реал ќе се пласираат во финалето со победа и нерешен резултат без голови. Нерешено со повеќе од еден гол на двете страни и секако победа ќе ја однесе Барса во финалето.
Каталонците се сигурни дека можат да го остварат тоа, а во прилог им оди и традицијата на меѓусебните дуели одиграни во Мадрид, во овој век.
Во последните 20 години, Барселона има повеќе успеах од Реал, кога се среќаваат на „Сантијаго Бернабеу“.
На 25 натпревари, Реал победил осум пати, Каталонците победиле 11 пати, а шест пати било нерешено. Интересно ниту еден натпревар што завршил без победник не бил со најнепопуларниот резултат 0:0.