Top Sport

Најлудиот ММА фајтер Дацик излезе од затвор и го предизвика Емелианенко (видео)

Вјачеслав Дацик, попознат како „Црвениот Тарзан“, еден од најбруталните и секако, еден од најлудите ММА фајтери излезе од затвор и веднаш предизвика уште еден поранешен затвореник Александер Емелианенко на меч.

42-годишниот Дацик стана познат во 1999 година кога го нокаутираше Андреј Арловски, еден од најдобрите УФЦ фајтери на својата генерација, но за разлика од него тој потоа стана попознат по лудориите отколку по перформансите во октагонот. Тој има 6-9 скор во ММА, по што во 2004 година стана кик-боксер, за да „исчезне“ во 2006 по последниот меч и да се појават шпекулации дека го прегазил воз.

Една година подоцна тој се појави кога беше уапсен за учество во вооружен грабеж во Санкт Петерсбург, по што на судењето се утврди дека страда од шизофренија и беше заддржан во болница. Во 2010 година тој избега од психијатриската клиника, и некако успеа да стигне до Норвешка, каде што беше уапсен.

Само три месеци откако беше пуштен од затвор, во 2016 година, беше уапсен откако влетал во еден бордел, ги нападнал проститутките кои работеле таму и потоа ги натерал да одат голи на улиците на Санкт Петерсбург. Ова дојде откако во мај 2016 тој најави дека оди во „војна со проститутките“.

Scroll to Top