Поранешната светска тенисерка број 1, Јелена Јанковиќ го постави својот дом во Санта Фе, Калифорнија на продажба, за одлични 13.5 милиони долари.
Србинката во кариерата беше број 1 во август 2008 година, но не успеа да освои гренд слем трофеј во кариерата, играјќи во финалето на САД опен во 2009 и во уште четири гренд слем полуфиналиња (три на Ролан Гарос и едно на Австралија опен). Таа во кариерата освои 15 ВТА титули и заработи нешто над 18 милиони долари само од тенисот.
Куќата, направена во медитерански стил е дело на архитектот Марк Редфорд со површина од над 1.300 метри квадратни, и во состав на неа има тениски терен, базен, соба за кино-проекции, пет камини и подземна гаража за 12 автомобили. Покрај тоа, внатрешноста е обложена со лустери со Сваровски кристали, дрвен подрум за вино со 1.200 шишиња, осум тоалети и 11 спални соби.
„За мене тоа е преголема куќа, но за среќа имам гости често, кои не морам да ги видам бидејќи ќе се загубат во куќата“, изјави 33-годишната Јанковиќ за својот дом во 2012 година.