Лестер сити стигна до тешка 2:1 победа над Брајтон на „Кинг Пауер стадионот“, на чии трибини беше нивниот нов менаџер Брендан Роџерс, кој денеска го замени Клод Пуел на чело на „лисиците“ по низата лоши резултати.
Поранешните шампиони од Премиер лигата дојдоа до рано водство преки Демарај Греј во 10-тата минута, а Џејми Варди во 63. минута зголеми на 2:0.
Сепак, гостите се понадеваа барем на поен од гостувањето, откако Дејви Пропер ја казни лошата реакција на одбраната само четири минути подоцна.
Кардиф сити пак, никако да победат по трагичнат смрт на непишаното засилување на тимот, Емилијано Сала, откако Евертон ги совлада со 3:0 со двата гола на Гилфи Сигурдсон.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 28.КОЛО
Кардиф – Евертон 0:3
Хадерсфилд – Вулверхемптон 0:0
Лестер – Брајтон 2:1
Њукасл – Барнли 2:0