Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во интервју за „Раи спорт“ вели дека италијанскиот фудбал има голем проблем со своите стадиони, оценувајќи дека дури и африканската нација Габон е на повисоко ниво од Италија.
„Ситуацијата во Италија околу стадионите се коси со секоја логика. Ова е земја која има неверојатна страст и фудбалска култура, но денеска е зад Габон, кои беа организатори на Африканскиот куп на нации, ако зборуваме за стадионите. Неверојатно е што само Удинезе и Јувентус се сопственици на своите стадиони. Клубовите мораат да сфатат дека стадионот не е само трошок, туку е и инвестиција во иднината“, вели Инфантино.
Рома повеќе години се бори за да добие дозвола за изградба на сопствен „Стадио дела Рома“, но постојано наидува на пречки од локалната власт на престолнината, додека во Милано, Интер и Милан неколку пати имаа неуспешни планови за изградба на сопствени стадиони. Наполи, Лацио и Фиорентина исто така имаат проекти за нови стадиони, но сè останува само како план на хартија.