Златан Ибрахимовиќ во свој стил го прослави пласманот на Шведска на Светското првенство во Русија. „Викинзите“ во бараж двомечот со вкупен резултат 1-0 ја елиминираа фаворизираната Италија.
Шведска се враќа на мундијалите откако не успеа да се квалификува на завршните смотри во Јужна Африка во 2010 и Бразил 2014 година.
Ибрахимовиќ го поздрави успехот на довчерашните соиграчи на „Твитер“. Тој поставил тимска слика со својот карактеристичен печат.
„We are Zweden“, напишал Ибрахимовиќ со тоа што буквата „С“ од името на државата ја заменил со почетната буква „З“ од своето име.
We are Zweden pic.twitter.com/rDXzRImev4
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 13, 2017
Ибрахимовиќ крај на репрезентативната кариера стави по елиминацијата во групната фаза на Европското првенство во 2016 година.
Тој е рекордер на Шведска со постигнати 62 гола, а за националниот тим одиграл 116 натпревари.
Инаку, во неговата земја веќе почна кампањата тој да се врати во репрезентацијата и да настапи на Мундијалот во Русија.