Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп и во наредните три месеци нема да може да смета на услугите на левиот бек Натанијел Клајн.
Дефанзивецот подолго време има проблеми со повредата на грбот, на тренинзите на првиот тим се приклучи во септември, но се уште нема одиграно ниту еден натпревар во Премиер лигата.
Лошите вести за Клоп се тие што по најновата операција која му беше извршена на Клајн, тој во тимот ќе може да се врати дури ккон крајот на февруари.
Ова е голем хендикеп за Ливерпул,, а и проблем за Клајн бидејќи најверојатно ќе го загуби местото во репрезентацијата за Мундијалот во Русија.
Во негово отсуство левата бековска позиција најчесто ја покриваат Џо Гомез и Трент Александер Арнолд.