Лука Дончиќ, вундеркиндот на Реал Мадрид, игра сјајно од почетокот на сезоната. Во отсуство на Серхио Љуљ, тој е лидерот на тимот.
Ова 18-годишно момче во Евролигата има просек од 21,1 поен, 6,6 скока и 4 асистенции. Игрите кои ги прикажува ги натераа американските медиуми да му обрнат поголемо внимание, а дел од нив се занимаваат со прогнозите на кое место би требело да се најде на драфтот во 2018 година.
„Можеби и најкомплетниот европски играч во историјата на НБА драфтот. За потенцијалот на Дончиќ не треба да се расправа. Со 18 години тој доминира во Евролигата. Тој е врвен плејмејкер и, веројатно, е најподготвениот играч во својата драфт класа. Пред него е долга и продуктивна кариера, во кој тим и да замине“, пишува влијателниот „Спортс илустрејтед“.
Овој медиуми предвидува дека во 2018 година Лука Дончиќ ќе биде на втората позиција на драфтот.