Top Sport

Кирјос се караше со сите: Кој к.р ви е, па рацете ми крвават (Видео)

„Лошото момче“ на светскиот тенис, Ник Кирјос, повторно имаше шоу на турнирот во Акапулко. Австралискиот Грк, во текот на целиот меч против Стан Вавринка бил исвиркуван од публиката. Инаку, Кирјос, го победи Вавринка 7:5, 6:7, 6:4 и се пласира во полу-финалето.

Кирјос, кој во претходното коло го навлече гневот на Рафаел Надал, против Вавринка „пукна“ за време на медицинскиот тајм-аут. Тој влегов во расправија со судијата Дамиан Стајнер и публиката.

„Кој к.р ви е? Што им е на овие е…и луѓе? Рацете ми крварат, што сакате од мене? Ова е неверојатно“, викал Кирјос.

Тој бил опоменат од судијата но тука не застанал.

„Немој да ми кажуваш што треба да правам. Тоа што говориш е поср..а работа. Вчера Рафа пред секој сервис ме опструираше, ја сврте публиката против мене. Немој да разговараш така со мене и немој веќе да ги говориш тие с…а“.

23-годишниот тенисер по мечот со гестикулациите ја испровоцирал публиката, а изјавата што ја дал нема ниту малку да им се допадне на Надал и Вавринка.

„Знаев дека публиката ќе биде на страната на гренд-слем шампионот. Тука имате фанови на Рафа и Стан, можат да одат во Индијан Велс доколку сакаат повторно да ги гледаат. Но и покрај се што се случува публиката е феноменална“, завршил Кирјос.

Scroll to Top