Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Бернд Шустер го нарече својот германски сонародник Тони Крос „дизел-трактор“ во анализата на 0:3 поразот на „кралскиот клуб“ од Барселона во второто полуфинале од Копа дел реј.
„Крос беше како дизел-трактор. Вистинска сенка од тоа каков играч беше едно време. Немаше момент кога не беше во погрешна положба“, изјави Шустер.
Сепак, на Крос очигледно критиката не му падна многу тешко, откак на Твитер едноставно запраша: „Кој?“.
Шустер ја освои титулата од Ла лига со „Лос бланкос“ во 2007/08.
Who??? https://t.co/kGTp86Xod9
— Toni Kroos (@ToniKroos) March 1, 2019