Џон „Боунс“ Џонс лесно го победи предизвикувачот Ентони Смит за да ја заддржи УФЦ титулата во средно-тешка категорија на УФЦ 235 во Лас Вегас.
Џонс беше доминантниот борач во октагонот, преземајќи ја контролата во првите две рунди и единствен проблем имаше во четвртата рунда, кога доби казна од 2 поени за нелегален удар со коленото. На крајот, тој победи кај тројцата судии со 48-44.
Ова е 13. победа во низа за Џонс во УФЦ, и тој ги разочара фановите кога најави дека нема да се „пресели“ во тешка категорија за да го предизвика Даниел Кормиер за титулата.
„Во моментов ќе уживам во победата, па ќе размислувам за тоа како да станам подобар. Има многу талент во УФЦ и многу момци сакаат да ја земат мојата титула“, вели Џонс.