Менаџерот на Челси, Маурицио Сари вели дека ситуацијата со голманот Кепа Аризабалага е „решена и затворена“, откако шпанскиот голман се врати во првиот состав за 2:1 победата против Фулам во неделата.
Кепа и Сари направија неверојатни сцени во последните моменти од продолжението на англискиот Лига куп, кога голманот одби да биде заменет пред изведувањето на пенали. Челси го загубија мечот од Манчестер сити на пенали и Кепа не беше во составот за дуелот со Тотенхем (2:0), кога на голот беше Вили Кабалјеро. Но, казната траеше еден меч и Сари вели дека нема што да се зборува.
„Тоа беше нормална одлука. Кепа направи голема грешка, плати кај клубот и кај тимот и сега ситуацијата е затворена. Имаше само еден поинаков начин, да го исклучиме од тимот до крајот на сезоната. Но, Кепа е маж и ја разбра ситуацијата. Можев и да го убијам, но тоа не беше во ред. Зборувавме во текот на неделата и тој разбра. Денеска беше многу добар, а се работи за чковек со ум и со добар менталитет. Тоа е тоа“, вели Сари.
Сари призна: Кепа беше во право, но не смее да се однесува така (видео)