Подмладениот Манчестер Јунајтед, синоќа, оствари сензационален резултат во Париз и испиша историја во Лигата на шампионите. Во 63 годишната историја, „црвените ѓаволи“ први успеале да го минат противникот по два гола негатива на домашен терен.
Маркус Рашфорд го постигна решавачкиот гол од пенал во 93 минута. На пеналот му претходеше ситуација која главниот судија Скомина мораше да се консултира со видео-асистентот. На крајот тој пресуди дека имало пенал.
Оваа одлука предизвика различни реакции во ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а интересно еден од легендарната генерација на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд смета дека Скомина згрешил кога покажал на белата точка.
„Нема шанси тоа да биде пенал. Ниту еден судија не може да ме убеди дека одлуката е добра. Секако дека сум среќен што поминавме понатаму, но јас не ја разбирам одлуката. Доколку ова е ново правили тогаш е погрешно“, рекол Фердинанд.
Мислењето на Фердинанд го дели и еден од најдобрите англиски судии во поновата историја, Марк Клaтенбург. Тој смета дека немало играчот на ПСЖ немал намера да игра со рака.