Top Sport

Бартез: ПСЖ не го почитуваа противникот, поради тоа испаднаа

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и француската репрезентација, Фабијан Бартез, ги критикувал фудбалерите на Пари Сен Жермен по синоќешниот пораз и елиминацијата од Лигата на шампионите.

„Непочитување. Тоа се случува кога не го почитуваш фудбалот и својот противник. Мислам дека тоа е најважното за секој спортист и секој спорт. Во секакви услови мораш да го почитуваш својот противник. Пари Сен Жермен е посилен тим. Тоа го покажаа со победата во првиот натпревар, кога против себе имаа посилен тим на Јунајтед“, рекол Бартез за „Ле Паризиен“ и дополнил.

„Не беа концентрирани. Не беа во натпреварот. Но ова е врвно ниво во фудбалот и резултати остваруваат тимовите што не прават грешки. Не е важно кој одиграл подобро. ПСЖ не учат од своите грешки. Во вакви моменти се гледа и колку е важна историјата на клубот. Денес ПСЖ не беше врвен клуб“, заклучил Бартез.

Scroll to Top