Начо Монреал, поранешниот репрезентативец на Шпанија, на залезот на кариерата веројатно ќе потпише договор со еден од најпознатите светски клубови. Интерес за 34-годишниот лев бек покажале челниците на Барселона.
Монреал е играч на Арсенал. Во Лондон тој пристигна од Малага пред шест и пол години, а оваа сезона му истекува договорот со „топџиите“.
На „Ноу Камп“ сметаат дека иако има 34 години, тој би можел да биде добра замена за Џорди Алба.
Барселона не би издвoиле пари за Монтерал, а тој би го направил најзначајниот трансфер во кариерата.
Алба долго време нема вистинска замена на својата позиција, поради што е приморан да ги игра најголем дел од натпреварите.