Карим Бензема по една деценија ќе го напушти Реал Мадрид. Францускиот напаѓач, од татковината, добил понуда што не се одбива. Бензема е еден од ретките играчи што не осцилира во формата, во катастрофалната сезона што ја има „кралскиот клуб“.
Поразите од Барселона и елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите, ќе го натераат претседателот Флорентино Перез да тргне во голема реконструкција на тимот.
Се најавува дека од Реал ќе се одат Иско, Герет Бејл, Марсело, Тони Крос, Хесус Валјехо, Маријано Дијаз. Најново име на оваа листа е Бензема.
Напаѓачот кој во 2009 година од Лино за сума од 35 милиони евра пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, добил одлична понуда од Пари Сен Жермен.
Члениците на ПСЖ му понудиле четири годишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона.
Бензема за десет години со Реал освоил 17 трофеи, одиграл 455 натпревари и постигнал 212 гола.