Top Sport

Бразилците без „муниција“, Лукаку повторно „жежок“ за Белгија (видео)

Бразилските ѕвезди не успеаја да стигнат до победа на „Вембли“ над Англија, одигрувајќи 0:0 со составот на Герет Саутгејт, за кого ова е второ реми без голови откако претходно ги исфрустрираа и Германците.

Бразилците имаа 61 отсто од поседот на топката, но Англичаните имаа цврста одбрана, иако перформансите во средниот ред мораат да се подобрат за мечевите со големите сили како Бразил.  Сепак, мора да се земе во предвид дека Англичаните беа без Хери Кејн, Деле Али и Рахим Стерлинг, кои се повлекоа поради повреди.

Играта на „Селесао“ , со Нејмар и Габриел Жесус во тимот беше неутрализирана, и Англичаните се само вториот тим кој успеал да не прими гол од Бразил во последните 17 месеци.

Во Бриж пак, Ромелу Лукаку стана најдобриот стрелец во историјата на белгиската репрезентација на само 24 години, откако го постигна единствениот гол во 1:0 победата над Јапонија.

Само пред четири дена, Лукаку го израмни рекордот на Бернард Форхоф и Пол ван Химст откако постигна два гола во 3:3 ремито со Мексико.

Против Јапонците, „ѓаволите“ се мачеа подолго време со Кевин де Бројне и Дрис Мертенс во тимот, пред Насер Шадли да додаде одлично со глава, а ѕвездата на Манчестер јунајтед со глава го совлада јапонскиот голман.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Јужна Кореја – Србија 1:1

Кина – Колумбија 0:4

ОАЕ – Узбекистан 1:0

Габон – Боцвана 0:0

Аргентина – Нигерија 2:4

Катар – Исланд 1:1

Словачка – Норвешка 1:0

Русија – Шпанија 3:3

Романија – Холандија 0:3

Унгарија  – Костарика 1:0

Алжир – Централноафриканска Република 3:0

Австрија – Уругвај 2:1

Белгија – Јапонија 1:0

Германија – Франција 2:2

Велс – Панама 1:1

Англија – Бразил 0:0

Португалија – САД 1:1

Scroll to Top