Top Sport

Штепанек, конечно, во пензија

Чешкиот тенисер Радек Штепанек реши по 21 година кариера да го остави рекетот на страна.

„Знам дека тениската кариера е временски ограничена, но јас се обидов да ја продолжам што е можно повеќе. Но , сега е време за заминување“, вели Штепанек, кој овој месец полни 39 години.

Штепанек во кариерата освои пет АТП титули, беше четврт-финалист на Вимблдон (2006) и освои две гренд слем титули во двојки. Покрај тоа, тој со Чешката Република двапати беше Дејвис куп шампион во 2012 и 2013 година.

„Лани имав операција и воопшто не беше лесно. Не сакав да продолжам да го ризикувам животот и затоа одам на следната фаза во животот“, додаде Штепанек.

Scroll to Top