Тренерот на парагвајскиот клуб Либертад, Леонел Алварез, е отпуштен и покрај победата од 4:1 над чилеанскиот Универзидад Католика, откако според локалните медиуми спиел со сопругата на еден од своите фудбалери.
Алварез бил отпуштен веднаш по мечот, и потоа утрото не му беше дозволен влез во канцелариите на клубот, за парагвајските медиуми да тврдат дека 51-годишниот тренер бил во врска со Пети Гонзалез, сопругата на првата ѕвезда на Либедтад, Едгар Бенитез. Манекенката Гонзалез ги отфрли овие обвинувања на социјалните мрежи.
„Тоа е вистинска глупост. Јас немам ништо со ситуацијата и не ми е грижа што зборуваат“, напиша Гонзалез.
Од друга страна, „теленовелата“ не застанува тука. ТВ програмата „Телешоу“ тврди дека напаѓачот на Либертад, Такуара Кардозо, пак, спиел со девојката на тренерот, Јохана Гарсија. Алварез, кој беше колумиски репрезентативец од 1985 до 1997 година бил во врска со 31-годишната Гарсија од 2012 година и тие имаат мала ќерка.
Самиот тренер уште нема дадено официјално соопштение, а од клубот објавија дека тој бил отпуштен само поради „запоставувањето на неговата работа со клубот и фудбалерите“.
Приказна на која може да и позавиди и било која јужноамериканска „сапуница“.