Корејскиот напаѓач на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин по трансферот од Баер Леверкузен во 2015 година се промовираше во клучен човек на тимот од Лондон, и стана миленик на навивачите поради неговата посветеност кон спортот.
Оваа сезона тој има постигнато 11 гола и пет асистенции и 26-годишниот напаѓач во интервју за „Гардијан“ вели дека е посветен на фудбалот и дека нема да се ожени додека е активен фудбалер поради совет од неговиот татко.
„Мојот татко ми кажа дека не треба да се женам додека играм фудбал и јас се согласувам. Кога ќе се ожениш, број 1 треба да е твоето семејство и децата, а потоа фудбалот. Сакам да бидам сигурен дека додека играм на врвно ниво, фудбалот ќе остане број 1. Никогаш не знаеш уште колку години имаш во овој спорт. Кога ќе се пензионираш, или кога ќе имаш 33 или 34 години, можеш да имаш долг живот со семејството“, вели Сон.
? Heung Min Son on not getting married during his career: “My father says this & I agree. When you marry, family will be number one. Wife & kids – then football. I want to make sure that while I play at the top level, football is number one”
Cheers future Son’s crying. Nice one pic.twitter.com/uOJSNb0N5n
— ODDSbible (@ODDSbible) March 8, 2019