Тренерот на европскиот фудбалски гигант, Барселона, Ернесто Валверде вели дека растот на женскиот фудбал значи дека еден ден на клупата на „Ноу Камп“ може да седи жена.
Барселона ја брани титулата од Шпанија, и Каталонците имаат 7 поени предност на врвот од табелата, а тие се и во осминафиналето на Лигата на шампионите откако обезбедија пласман во финалето на Копа дел реј.
Валверде има нов договор со клубот до 2019/20, но на интернационалниот ден на жената, 55-годишниот тренер вели дека не гледа зошто женски тренер да не го заземе неговото место.
„Фудбалскиот свет прави големи чекори напред во последно време. Жените ќе имаат поголемо влијание, а женскиот фудбал има брилијантен прогрес. Во последните години и во машкиот фудбал има повеќе жени-професионалци. Затоа, не гледам зошто еден ден моето место да не го заземе една жена“, вели Валверде.