Top Sport

Американците ќе организираат СП за лузери

Неколку силни репрезентации останаа без пласман на Светското првенство во Русија, а за да го амортизираат финансискиот минус ќе играат „првенство на најголемите разочарувања“.

Фудбалскиот сојуз на САД за медиумите потврдил дека преку сопствената промоторска куќа „Сокер јунајтед маркетинг“, веќе тргнал во реализиција на проектот.

Она што Американците треба да го решат е дали САД, Италија, Холандија, Чиле, Гана…ќе играат на турнир или ќе бидат организирани серија на пријателски натпревари низ САД и тоа пред почетокто на Мундијалот во Русија.

Италија по шест децении, односно прв пат од 1958 година, нема да биде учесник на завршната смотра на светскиот фудбал. САД ја прекина успешната низа од шест последовни учества на СП. Гана е една од најсилните африкански селекции ќе пропушти Мудијал прв пат по 2002 година, исто како и Холандија репрезентација која на последните две СП играше во самата завршница (финале во Јужна Африка и полуфинале во Бразил).

Амерканците имаат намера покрај споменатите репрезентации да поканат уште неколку селекции од Средна и Јужна Америка кои ќе играат во Русија.

Scroll to Top