Поранешната УФЦ шампионка, Пејџ Ван Зант се приклучи на Ронда Раузи како единствената ММА ѕвезда која била вклучена во специјалното издание со костими за капење на „Спортс илустрејтед“.
24-годишната Ван Зант, која е фајтер во мува категорија, ќе биде главната ѕвезда во изданието кое ќе излезе во мај, и беше вклучена во секси-фото сесија во Пуерто Валјарта, Мексико.
Ван Зант (8-4 во кариерата) последен пат беше во УФЦ октагонот во јануари, кога ја победи Рејчел Острович во втората рунда. Минатата година таа ја објави својата автобиографија „Раст: Преживувајќи ја битката за мојот живот“.
„Кога си во ’Спортс илустрејтед’, навистина си успеала. Возбудена сум што луѓето ќе ја видат оваа моја страна. Да, јас сум професионален фајтер и удирам луѓе во лице како работа. Но, можам да бидам и слатка“, вели Ван Зант.