Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Ленокс Луис, вели дека и на 53 години би се вратил во рингот за меч со една година помладиот Мајк Тајсон, но само ако му се гарантираат 100 милиони долари.
Луис во 2002 година го нокаутираше „Челичниот“ во осмата рунда во меч за титулата во тешка категорија, но во кариерата имаше само уште еден меч – крвавата пресметка со Виталиј Кличко, која откако ја доби се повлече од спортот.
Сега, на гости на радио-емисијата на Џо Роган, Британецот вели дека 17 години подоцна би влегол повторно во рингот, но за добра цена.
„Како што знаете им кажав на луѓето дека ќе ги соблечам моите пижами за 100 милиони. Ако се сериозни, нека ги покажат парите и ќе се видиме повторно“, вели Луис.
Британецот, сепак, признава дека Тајсон со кој се сретна во Мемфис во 2002 година не беше Тајсон од најдобрите денови.
„Додека Тајсон беше во затвор, јас тренирав и работев напорно и тој не беше толку подготвен кога се врати во рингот. Знаеше дека ќе заработи нешто пари и затоа продолжи“, додава Луис.