Top Sport

Баерн ќе ја активираат клаузулата од 42 милиони да го купат Хамес

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге е сигурен дека Хамес Родригез ќе биде фудбалер на Баварците и следната сезона, по извештаите во Германија дека клубот ќе ја активира клаузулата од 42 милиони евра да го откупи плејмејкерот од Реал Мадрид.

Колумбиецот дојде на „Алијанц арената“ летото 2017 година и имаше добри и лоши моменти со шампионите од Германија. Во добрата прва сезона тој постигна 7 гола и имаше 11 асистнеции во 25 натпревари, но во 2018/19 немаше толку добра сезона. Под Нико Ковач, Хамес има три гола и 3 асистенции во 15 натпревари и една асистенција во ЛШ.

Постоеја шпекулации дека Реал сака да си го врати Хамес на „Бернабеу“, но Румениге вели дека тој ќе биде фудбалер на Баварците.

„Верувам дека тој ќе игра за Баерн и следната сезона. Тоа е сигурно. Јас сум огромен фан на Хамес и сигурен сум дека и тренерот Ковач ги гледа неговите квалитети како мене. Имаме опција да го откупиме до 15 јуни“, вели Румениге во интервју за „Минхнер абендцајтунг“.

Scroll to Top