Шпанскиот магазин „Диарио гол“ тврди дека Иван Ракитиќ им се заканил на челниците на Барселона и тренерот Ернесто Валверде дека ќе си замине од клубот доколку на „Камп Ноу “ пристигне Фелипе Кутињо.
Барселона во летниот преоден рок испрати три понуди за Бразилецот кои Ливерпул ги одби, но очигледно челниците нема да се откажат од намерата да го донесет Кутињо.
Ракитиќ наводно бил загрижен за своето место во тимот бидејќи со евентуалното доаѓање на Кутињо тој би добил место во средниот ред покрај Серхио Бускетс и Андрес Иниеста.
Инаку, во минатиот преоден рок, интерес за услугите на Ракитиќ покажуваа Јувентус и Манчестер јунајтед.