Кошаркарите на Орландо Меџик ги совладаа Далас Маверикс со 111:106. Меџик имаат 31 победа и 36 порази, а Маверикс се со скор од 27/38. Дуелот го обележаа играчите од поранешните југословенски простори Никола Вучевиќ и Лука Дончиќ.
Меџик лесно стигнаа до победата иако резултатот тоа не го покажува. Орландо во најголем дел од мечот имаа предност од 17 поени.
Никола Вучевиќ забележа 20 поени, 13 скока, 6 асистенции и 2 блокади. Најефикасен кај Меџик, со 22 поени беше Теренс Рос.
Лука Дончиќ ги предводеше Маверикс со 24 поени, 8 скока, 5 асистенции.