Top Sport

Икарди им поставил неколку услови на Интер

Маури Икарди на челниците на Интер им поставил неколку услови, за да продолжи да го носи „сино-црниот“ дрес. Како што објавија италијанските медиуми, Икарди пред се побарал клубот да ја поправи сликата што за него се пласира во јавноста.

Икарди го нема во тимот на Интер од 13 февруари, кога челниците решија да му ја одземат капитенската лента. Официјално напаѓачот имал проблеми со коленото.

Изминатите денови спортскиот директор Бепе Марота одржал неколку „пријателски состаноци“ со сопружниците Икарди, фудбалерот и менаџерката Ванда Нара. На тие средби биле поставени условите, што клубот треба да ги исполни за фудбалерот да им се врати на тренинзите и натпреварите.

Од друга страна, медиумите шпекулираат дека Интер побарале од Икарди да им извини на соиграчите. Меѓутоа напаѓачот одбил да го стори тоа бидејќи сметал дека не направил ниту една грешка.

Scroll to Top