Top Sport

Минималец на Атлетико против Леганес (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа минимален триумф над градскиот ривал Леганес во рамките на 27 коло. Дуелот со Леганес е петти во сите натпреварувања во кој Атлетико и Јан Облак не примија гол.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, овој меч одигра со комбиниран тим, но и покрај тоа неговиот тим забележа лесна победа иако резултатот тоа не го покажува.

Домашниот тим ја контролираше играта во текот на целиот натпревар. Леганес имаше нешто повеќе поседна топка, меѓутоа ниту еднаш сериозно не се заканија кон голот на Облак.

Атлетико имаше две добри можности преку Гризман во првото полувреме, а во второто Томас Парти ја погоди гредата,а Лемар дирекот.

Решавачкиот момент се случи во 50 минута кога Омеруо го собори Кореа, а судијата Лахоз покажа на белата точка.

Саул кој во второто полувреме го замени Гризман, лошо го изведе пеналот, голманот Луни го одбрани неговиот удар, но одбиената топка играчот на Атлетико ја смести во голот.

Scroll to Top