Фудбалерите на Милан забележаа победа во Верона, во последниот меч од саботната програма во Серија А. Милан го победија последнопласираниот тим во лигата, Киево со 2.1.
Зимското засилување, Кшиштоф Пјатек, со голот во 57 минута им донесе нова победа на Милан. Полскиот репрезентативец го постигна 19 гол во сезоната и на листат на најдобри стрелци во Серија А се израмни со Кристијано Роналдо.
Претходно, првиот гол за Милан го постигна Лукас Биља во 31 минута, а десет минути подоцна израмни Хетемај.
Екипата на Џенаро Гатузо се наоѓа на третото место на табелата со 51 бод, четири повеќе од Интер, со кого ќе се сретне во наредното коло.