Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја изненади јавноста откако успеа во клубот даго врати Зинедин Зидан. Враќањето на освојувачот на три трофеи во Лигата на шампионите најавува жежок преоден рок на „Сантијаго Бернабеу“.
На церемонијата на која Зидан беше промовиран во тренер на Реал до 2022 година, Перез говорел за можните засилувања. Новинарите го прашале кого би го одбрал, доколку може да го стори тоа, Нејмар или Килијан Мбапе.
„Зидан е Французин, исто како и Мабапе. Можеби ќе може да направи нешто, нели? Нејмар или Мбапе? Па двајцата“, рекол Перез.
Првиот човек на „кралскиот клуб“ проговорил и за можното враќање на Кристијано Роналдо во Реал.
„Дали Зидан ќе може да го убеди Роналдо да се врати? На Кристијано му е добро таму каде што се наоѓа“.
За потсетување, медиумите шпекулираа дека минатото лето Зидан поднел оставка поради одлуката Роналдо да биде продаден. Желбата на Зидан била Роналдо да остане, а клубот да го напушти Герет Бејл.